Започна летниот саем на книга во Рамстор

18

Летниот саем на книга во трговскиот центар Рамстор започна вчера. Во текот на овие четири дена од 10 до 22 часот во трговскиот центар со свои најнови и постоечки изданија на книги се претставуваат вкупно тринаесет издавачки куќи (Просветно дело, Култура, Полица, Икона, Издавачки центар Три, Ѓурѓа, Макавеј, Либи, Либрис, Магор, Арс Ламина, Конгресен Сервисен Центар, Манускрипт).

Четиридневната програма на Летниот саем на книга предвидува до 70% попуст на некои од изданијата, дружење со познати автори и промоции на дела. Според програмата, на првиот ден од саемот се претставија поетесата Искра Донева, која ја читаше својата поезија и авторот Миле Костов кој имаше промоција на свое дело и потпишување на книги. Во наредните денови се очекуваат промоции и потпишување на книги од Горјан Петревски во петок и Петар Лазаров во недела.

Рамстор, како и секогаш ја покажува својата грижа за најмалите, па затоа во текот на викендот организира  детски работилници со цртање и пишување песнички.

Саемот на книга ќе трае до 28.06. Рамстор ги поканува сите љубители на книгата и пишаниот збор да го посетат трговскиот и да си ја обезбедат својата летна залиха на книги по одлични цени.