Започна новиот циклус на Виртуелна берза

34

virtualexchage

Од шести овој месец започнува новиот циклус на Виртуелната берза, соопштуваат од Македонска берза.

Со цел поцелосно пресликување на реалното тргување преку Македонската берза на тргувањето што се реализира преку Виртуелната берза во овогодинешниот петти циклус на проектот се воведени изменети правила на тргување коишто се однесуваат на количината на акции со коишто може да се тргува на дневна основа. Воведена е и провизија од 1,5% на вредноста на склучените купопродажни трансакции.

Учесниците во Виртуелната берза ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.

Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во којашто целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.