Започна пријавувањето за 12-от Wizz Air Скопски Маратон што ќе се одржи на осми мај

36

12046639_10153746158351435_6883407799607275633_n

Една од најпопуларните и најпознатите, а воедно и без конкуренција најмасовната спортска манифестација во нашата држава, Wizz Air Скопски маратон, го најави отворањето на пријавувањето за 12-то издание кое ќе се случи на 8-ми мај 2016-та година, во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри, организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и минатиот маратон. За штафетата ќе можат да се пријавуваат тимови од четворица натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 километри до предавање на штафетата. Стандардните трки – маратон (42,195км), полумаратон (21,097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот.

Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот – http://skopskimaraton.com.mk/

Сите оние кои ќе се регистрираат до 8-ми април идната година, нивното име ќе биде испишано на стартниот број.