Започна продажбата на Huawei Mate 10 Pro во Македонија

15

mate-10-series

Паметниот мобилен телефон Huawei Mate 10 Pro и официјално е достапен за сите корисници во Македонија преку продажната мрежа на Македонски Телеком и Вип, како и во синџирот продавници на Нептун. Моделот е достапен во титаниум сива и кафеава боја, стои во соопштението.

Huawei Mate 10 Pro е револуционерен уред на пазарот, којшто е познат не само како паметен телефон, туку и како нова генерација на интелигентна машина. Чипот Kirin 970 со осум јадрен процесор обезбедува исклучително високи перформанси. Неговиот специјализиран сметачки блок, базиран на невронска мрежа работи со подобрени алгоритми за машинско учење, кои го изучуваат корисничкото однесување и го усовршуваат секој аспект на користење на смартфонот, без да ја компромитира безбедноста и доверливоста во врска со навиките и информациите на корисникот.

Од вештачката интелигенција, своја корист има и батеријата на Mate 10 Pro. Таа е со капацитет од 4000 mAh и поседува интелигентен систем за управување на потрошувачката, којашто ги распределува ресурсите, со што максимално се продолжува времето за автономна работа дури до два дена при умерено оптоварување.

Камерата Double Leica е природно продолжување на успешното партнерство помеѓу Huawei и легендарниот германски бренд за фотографија. Леќите имаат широка решетка f / 1,6 и користат вештачка интелигенција за ефектот boke. Повторно благодарение на вештачката интелигенција, таа доаѓа претходно обучена да препознае 13 различни сцени и објекти за да може уште полесно да се постигне совршениот кадар во секоја ситуација.

Металната рамка кај најновиот предводник на Huawei му дава елегантен дизајн и софистициран изглед.

Покрај убавиот изглед и интелигентниот чипсет, Mate 10 Pro импресионира и со интерфејсот EMUI 8.0, и оперативниот систем Android 8.0 Oreo. Благодарение на вештачката интелигенција активностите извршени преку Mate 10 Pro, се оптимизирани извршени со леснотија, а преку најновиот 6-инчен 18:9 OLED екран FullView Display, искуството станува уште повеќе незаборавно. SuperCharge технологијата на Huawei прва во светот, има сертификат TÜV Fast-Charge Safety којшто гарантира целосна безопасност на целиот процес.