Започна Саем на мебел 2018

21

На нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски од денес па до 14-ти октомври ќе се одржува 44-то издание на Саем на Мебел 2018.

Повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови, директни странски учества, на 8.000m2.

“Посетителите саемот ќе го видат во целост, протиколот на движење е направен според Икеа систем каде сите потребни нешта за едно домаќинство, ќе се продаваат по неверојатни саемски попусти” – изјави Сања Кондарко

Во рамките на саемот, односно на 10.10.2018 (вторник) од 12 до 14 часот ќе се одржува дебата наменета за стручната јавност, на тема “Копирањето е опасно – оригиналот е за восхит”.

Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот мк тикетс и на билетарата на саемот на Мебел. Билетите купени он лајн се со приоритетна брза лента на движење.

Работното време на саемот е секој ден, вклучувајќи го и 11 октомври од 10 до 20 часот.