Започна со работа Институтот на сметководители и овластени сметководители

16

Во јули оваа година беше избран Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија.

“Институтот ги застапува интересите на професијата сметководители, ќе работи и ќе се залага за унапредување на професијата, зголемување на вредноста на трудот на сметководителите и подобрување на условите за работа“, стои на официјалната страница на Институтот, smetkovoditel.mk.

Двете досегашни иницијативи за преминување на досегашните уверенија во трајни и за истакнување на механизмот за борба со нелојалната конкуренција и оние кои работат на црно, како што се наведува, се усвоени и по донесување на формална одлука ќе бидат објавени на Интернет страницата на Институтот.