Кол центарот на канадската компанија One contact, започна со работа во Македонија, јавува Миа.
“Македонија има стабилна инфраструктура, безбедна е, има квалитетни ресурси, одлични можности за плата и прекрасен град во кој можете да работите и живеете. Во моментов во компанијата се вработени 25 лица кои работат во Кол центарот. До крајот на годината нивниот број треба да изнесува 50, а во иднина планираме над 200 вработени“, изјави Асиф Чаудари, директор на компанијата.
Тој информира дека во моментов процесираат половина милион повици преку нивниот систем, а се надева дека овој број ќе достигне милион следната година. Вработуваат лица кои го зборуваат течно англискиот или францускиот јазик.
Компанијата One contact, како што се наведува, е специјализирана во онлајн процесирање на податоци и други дигитални сервисни услуги. Преку својот услужен центар во Македонија првично ќе врши услуги за клиенти во Северна Америка, а поради специфичноста во часовните зони се отвора можност за нудење дополнителни услуги на нови клиенти во Европа што во иднина ќе овозможи и зголемен број на работни места.