Започна употребата на адвокатските маркички

35

Trademark-LawyerОд 1 јануари 2013 стартуваа со употреба адвокатски маркички, со кои адвокатите ќе плаќаат персоналниот данок на доход.

Според соопштението на Управата за јавни приходи, овие маркички се резултат на долгогодишните барања на адвокатската заедница за иземање од фискализацијата и воведување на ефикасен систем за следење на финансиското работење на адвокатите и плаќањето на персоналниот данок од нивна страна. Од УЈП јавуваат дека се во целост подготвени за имплементација на маркичките.

Адвокатските маркички можат да се подигнат во даночните канцеларии на УЈП во Скопје, Битола, Кратово, Куманово, Охрид, Струмица, Ресен, Штип, Валандово, Прилеп, Гостивар, Велес, Македонски Брод, Кичево, Тетово, Радовиш, Пробиштип, Неготино, Кавадарци, Свети Николе и Дебар.

Подетални информации како и обрасци за подигање и евиденција, можат да се добијат на веб страната на УЈП www.ujp.gov.mk.