Започнува бербата на јаболка во Ресен

28

Во Ресен денес започнува традиционалната манифестација Преспански јаболкобер со која се означува почетокот на берба на јаболкото.

Манифестацијата ќе се одржи на овошниот насад на Агроплод, а на чинот на откинувањето на првото јаболко ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Преспанскиот јаболкобер се одржува секоја година на празникот Крстовден.