Започнува Финекспо на Скопски саем

21

Во организација на Скопски саем, под покровителство на Министерство за финансии, се организира 12-то издание на Финекспо. Тема на овогодишниот Финекспо се Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија.

На тркалезната маса се очекува да се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната Банка Димитар Богов. Присутни ќе бидат и претставници од стопанските комори, бизнис заедницата, генералните директори на банките и осигурителните компании.