Започнува котација на државни обврзници вредни 900 милиони денари

49

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 04.06.2020 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 900.000.000 денари, информираат од Македонска берза.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Freepik