Започнува обуката за енергетски контролори во МАЦЕФ

26

Во првата половина на март оваа година ќе започнат обуките за полагање на стручен испит за енергетски контролори, што ќе ги организира Здружението МАЦЕФ – Скопје.

Право на учество во обуката имаат сите лица со високо образование од техничката струка и доказ за најмалку пет години работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежните објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетските контроли или други енергетски услуги или работа на стручни или научни дејсности од областа на енергетиката.

Обуките во МАЦЕФ ќе бидат спроведувани од страна на високо реномирани професори од техничките факултети и експерти со лиценци за обука.

Пријавување ќе се врши до 27 февруари 2014 година.

Надоместот за обуката е 18.000 денари, а за членовите на МАЦЕФ 16.000 денари. Повеќе детали може да се дознаат на интернет страната на МАЦЕФ.