Започнува производството на италијански Текнохосе во Бунарџик

24

Италијанската компанија Текнохосе, денеска ја пушта во употреба фабриката во Македонија, инвестиција вредна 10 милиони евра. Фабриката е лоцирана во ТИРЗ – Скопје 1, а ќе вработи 150 лица.

Фабриката е наменета за производство на високо притисни гумени армирани црева, кои имаат примена во градежништвото, автомобилската индустрија и други индустрии. Производството ќе се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и Русија.

Компанијата Текнохосе, која во Република Македонија е регистрирана под името Витек Македонија, е членка на италијанската групација Витило, а во ТИРЗ Скопје 1 купи постоечки објект кој комплетно е реновиран да одговара на потребите на новото производство, што претставува прва фаза од нивната инвестиција. Следната година компанијата предвидува да почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева.