Започнува саемот Зелена недела во Берлин

24

Зелена недела, најголемиот меѓународен саем за храна, земјоделство и хортикултура, започнува денеска во Берлин, а ќе трае се до 26 јануари 2014 година.
Свое присуство на саемот најави и македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кој ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство, кој е составен дел од Зелената недела.
Во фокусот на годинешниот Самит е зајакнување на секторот земјоделство за подобро здравје на луѓето, обезбедување на доволно храна и соодветна исхрана на населението.