Започнува Веро Вино фест во Скопје

20

vino-fest-2013Во следните пет дена започнувајќи од вечерва, во организација на Веро центарот ќе се одржи фестивалот на виното. Посетителите, освен што ќе можат ги дегустираат домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката.

“Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна за и оваа година да го повториме дружењето. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесните призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето”, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

За време на фестивалот предвидени се настапи на повеќе актуелни музички бендови, Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Аир Стрингс, Пеперминт и др. Во недела, на 12 мај, концерт ќе одржи новосадската акустична сензација Фрајле.