Запознајте ја Ема – нашата “идна“ колешка

82

Ема е модел на просечен канцелариски работник со стаж од 20 години, којшто посочува како би изгледале доколку продолжиме да работиме со ова темпо.

Инаку, Ема има искривен грб, поради начинот на којшто седи на своето биро, мускулите ѝ се слаби, има проширени вени поради лоша циркулација, очите ѝ се црвени…

Експертите предупредуваат дека канцелариските работници во Велика Британија би можеле да се соочат со сериозни здравствени проблеми, доколку не се направат радикални промени во работната средина. Според истражувањето за Fellowes brands, девет од 10 вработени во Велика Британија се соочуваат со сериозни здравствени проблеми поради канцелариската работа, па поради тоа тешко наоѓаат нова.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа:

  • Се трошат околу шест часа седење на канцелариско биро,
  • Околу половина од вработените имаат проблеми со очите, 49% проблеми со искривен ’рбет и 48% мака мачат со силни главоболки поради условите во коишто работат,
  • Седум од 10 работници примаат одредена терапија поради влошеното здравје,
  • Претпоставените не преземаат доволно мери за да ги решат овие проблеми.

Фото: Fellowes brands