Запознајте ја заедницата на претприемачи на CEED Македонија

20

На 21 мај, во 14 часот во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, (Бул.8ми Септември 2/2, Скопје) CEED Македонија, организира средба за запознавање со заедницата  на претприемачи на CEED.

Повеќе од 12 години CEED Македонија ги поврзува претприемачите во заедницата на CEED, во којашто ги споделуваат искуствата, меѓусебно си помагаат во сите предизвици при растот на нивните компании, се поврзуваат на средбите во рамките на клубот, меѓународните конференции и деловните патувања.

“Како учесници на првата генерација на CEED Grow, имавме можност да излеземе надвор од својата редовна менаџерска рутина, да запознаеме колеги менаџери од други дејности и отворено да разговараме за менаџерските предизвици, дилеми и регионални трендови“, вели Робин Зимбаков од Солопром, кој членува во CEED од 2007 год.
На средбата ќе се разговара со искусни претприемачи, за предизвиците со кои се соочуваат сопствениците и менаџерите во управувањето и како да се подготват за нив. Исто така, присутните ќе дознаат за различните фази на раст на компаниите и фазата во кој се наоѓа нивниот бизнис.

На својот пат, секој претприемач се соочува со различни предизвици кои на прв поглед се чинат уникатни, но често има некој кој имал сличен проблем со неговиот и успешно го решил. При надминувањето на проблемите, лесно може да ви помогне некој од вашите колеги кои веќе решиле слични предизвици, споделувајќи ги своите знаења и искуства со вас.

Средбата е наменета за сопственици и директори на растечки компании.

Вашето учество можете да го пријавите тука, а за повеќе информации обратете се кај Биљана Рамљак, 076 496 616, bramljak@ceed-macedonia.org.