Владата на американскиот претседател, Џо Бајден ги запре сите активности поврзани со истражување нафта и гас во најголемото заштитено природно подрачје во САД, на Алјаска, каде што живеат поларни мечки.
Забраната ќе биде на сила сè додека не се направи сеопфатна анализа врз основа на законот за животна средина. Откриени биле правни недостатоци во доделување право за бушење во Националниот резерват за диви животни на Арктикот.
Со овој потег се стопира контроверзната одлука на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп за доделување право на бушење на 10 години само две недели пред да му истече мандатот во јануари. Администрацијата на Трамп го отвори патот за бушење во 2017 година со измени на законот и се соочи со значителен отпор од организациите за заштита на животната средина.
Резерватот е подрачје што се протега на околу 80.000 метри квадратни.
Фото: Pexels