Заработка од 1,7 милиони долари лани од извоз на камиони

41

Во светот лани преку извоз се продадени камиони во висина од 137,6 милијарди долари, што претставува намалување од 1,6% во однос на 2018-та година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Од Македонија, којашто се најде на 82-ро место, извозот на камиони достигна ниво од 1.736.000 долари или за 173,8% повеќе во споредба со 2018-та година.

Во светот петте најголеми извозници на камиони се: Мексико (26,1 милијарда долари), САД (17,1 милијарди долари), Германија (10,9 милијарди долари), Јапонија (8,5 милијарди долари) и Франција (8,1 милијарда долари).

Од регионот, најголем извоз на камиони има Словенија со 690,2 милиони долари. Потоа се: Бугарија (43,6 милиони долари), Србија (43,2 милиони долари), Хрватска (30,9 милиони долари), Грција (седум милиони долари) и Босна и Херцеговина (5,6 милиони долари).

Фото: Freepik