Заврши пред – акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор

18

d9be5cd7-e626-41c4-a8bc-3dbfd07dd3e6

Оваа сабота се одржа првиот јавен Ден за демонстрација каде стартапите, кои поминаа низ пред – акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор, ги презентираа своите бизнис идеи пред инвеститори, бизнис ангели, фондови на ризичен капитал, технолошки развој и иновација, стои во соопштението.

Пред – акцелераторската програма, која беше дизајнирана и имплементирана од Сеавус Инкубатор, имаше за цел да ги подготви претприемачите и стартапите за изработка на прототип, рана промоција на производ или финансирање. Вкупно 21 тим зема учество во осум неделната програма, при што оние стартапи кои бараа инвестиции, застанаа на сцена за да ја “продадат” својата идеја на заинтересираните инвеститори. Судиите, меѓу кои беше и Алан Шаф, основач и извршен директор на IMGUR, ги избраа најдобрите три тимови: Гордијан Системи, Системс фор ентерпрајс и Резервирај.мк.

Денот за демонстрација беше организиран од Сеавус Инкубатор, а поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.

Според Стефан Томаџан, Заменик шеф на мисија во Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, во Македонија има претприемачки потенцијал кој не е целосно искористен.

“Швајцарија е целосно посветена на поддршка на претприемништвото во Македонија, и преку разни активности ги поддржуваме акцелераторите и инкубаторите со цел да понудат подобри и поразновидни услуги на претприемачите. Ги поддржавме Сеавус Инкубаторот во дизајнирање и спроведување на пред-акцелераторската програма каде претприемачите се здобија со знаења и деловни вештини за да ги подготват своите стартапи за рана промоција на нивните производи или за обезбедување на финансиски средства”, изјави Стефан Томаџан.

На овој настан му претходеше неколкудневна директна менторска активност на основачот на IMGUR Алан Шаф во пред – акцелераторската програма, директна работа со старт – ап компаниите, како и пренесување на своите искуства и знаења на локални тренери.