Заврши промотивната акција на Стопанска банка Битола – Чист воздух во вашиот дом

38

Промотивната акција на Стопанска банка а.д. Битола, Чист воздух во вашиот дом, во која за секој орочен депозит во вредност од најмалку 10.000 евра, на минимум 12 месеци клиентите добиваа прочистувач за воздух заврши и клиентите ги добија прочистувачите кои им следуваа, соопштуваат од банката.

Акцијата наиде на огромна заинтересираност од страна на клиентите и набавената залиха на прочистувачи се потроши во најкраток можен рок. Со оваа акција, Стопанска банка а.д. Битола покрај поттикнувањето на добра навика – штедењето, покажа дека во целост се грижи за своите клиенти и се обиде да ја подигне свесноста за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме сите моментално – загадениот воздух.