Заврши РобоМАК 2013, награди за најдобрите

48

DSC_0085На саемот за роботика, кој се одржа oд 12 до 16 март, учество земаа околу 60 домашни и 40 странски учесници, кои по петдневната обука имаа можност да ги покажат своите вештини пред македонската јавност. Учесниците на РобоМАК 2013 работеа во меѓународно мешани тимови и ги склопуваа своите роботи, ја развиваа нивната вештачка интелигенција и ги подготвуваа за натпреварот. Во Дом на АРМ, на 16 март беше прикажана нивната работа и беа прогласени победниците по категории. Во категоријата Роботска трка/лавиринт победија Стефана Филипова, Петар Папалевски, Станка Нацева, Анти Вакилаинен, во категоријата Сумо победи тимот Ина Поп-Дучева, Мерт Јуксел, Виктор Вељановски, Марјан Талевски, во Хуманоид победници се Мартина Ристеска, Миле Златановиќ, Емрах Асаноски, Тамара Пејаковиќ, Марија Марковска и во Кармагедон Игор Новаков, Бојан Јаневски и Моника Ризовска. Категоријата Роботска рака беше од ревијален карактер.

DSC_0172

РобоМак 2013 беше во организација на три студентски НВО, ЕЕСТЕК ЛК Скопје, ИЕЕЕ секција Македонија – Студентски огранок и Студентски Парламент на ФЕИТ. Домаќин беше Факултетот за Електротехника и информациски технологии, кој помогна за целосно обезбедување на простории за време на настанот.

DSC_0215

DSC_0235

DSC_0150

DSC_0194