Заврши РобоМак 2014

73

Robomak-ETF-12 Борби на сумо роботи, трки, натпревар во играње и во прецизност беа претставени на завршниот натпревар РобоМак 2014, на кој учествуваа 100 студенти од македонските универзитети и од универзитетите во Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Грција, Унгарија, Полска, Шпанија, Италија, Латвија и Романија.
Највисокото признание на РобоМак 2014 го доби Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ.
“Огромно задоволство беше да се прими награда од најголемата светска организација за инженери – ИЕЕЕ, која во РобоМак препозна настан достоен за едно вакво признание. Наградата заедно со задоволните учесници се поттик наредната година да се организира настанот на едно академски покомплексно и повисоко ниво”, рече Маја Целеска, претседател на студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ.
Преку овој настан студентите практично се запознаваат со најновите технолошки достигнувања во роботиката и вештачката интелигенција.
РобоМак меѓународниот натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција го организираа ИЕЕЕ – ЅБМ, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и СПФЕИТ, а домаќин беше Факултетот за електротехника и информациски технологии.