Заврши субвенционирањето велосипеди во Општина Карпош

21

Фото: Pexels

Општина Карпош информира дека денеска заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед. Квотата за субвенционирање е пополнета.

Од Општината посочуваат дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навремено информирани преку веб страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку средствата за јавно информирање.