Заврши уште едно успешно издание на Лидер програмата за претприемачи

43

bc54f83d-0700-4252-8fa8-00e376065640

На 20-ти мај заврши деветото издание на интензивната бизнис обука Лидер проект. Инструкторите на бизнис школото Ричард Ајви од Канада имаа можност да слушнат и оценат четириесет презентации на бизнис планови од страна на учесниците. На крајот беа доделени награди за најдобрите кои се одвоија од конкуренцијата според нивната уникатност, остварливост, како и начинот и убедливоста на нивното претставување.

Од организаторот Македонија2025 велат дека од година во година учесниците на Лидер проектот истапуваат со сè поамбициозни и пореални бизнис идеи. „Оваа година имаше прекрасна разновидност од идеи. Беа презентирани мобилни апликации што генерираат пазар и работни места, бизнис планови кои решаваат реални проблеми во секојдневниот живот, бизнис кластери, прехранбени производи и многу повеќе. Сметам дека овие претприемачи се на добар пат да направат нешто извонредно, ако веќе не го прават тоа“, изјави Јорданка Кацарска, програмски менаџер на Македонија2025.

„Лидер проектот е одлична можност за сите млади професионалци да се стекнат со дополнителни знаења и вештини кои ќе најдат примента во македонските компаниите. Искуството кое несебично го поделија предавачите од еден од најреномираните МБА програми во Канада е од големо значење за нашиот професионален развој. Јас се надевам дека идеите кои беа разработени во соработка со предвачите, а се во насока на организациона поставеност и поефикасно менаџирање со ресурсите со кои располага компанијата, ќе бидат ефикасно имплементирани“, изјави Никола Маљановски, маркетинг менаџер на ЕкоКлуб ДООЕЛ Скопје.

Дополнителен успех е тоа што и оваа година Лидер проектот оствари уште една регионална соработка. Ако минатата година програмата беше отворена за учесници од Србија, оваа година тоа важеше за двајца учесници кои дојдоа од Босна и кои беа презадоволни од искуството. На тој начин, со комплетирањето на деветиот Лидер проект, бројот на алумни порасна на 250, а дел од овие луѓе живеат во земји во соседството, што отвара можности за идна соработка.