Здрави грицки, козметички производи и амбалажа од остатоци од овошје и зеленчук

89

Компанијата за производство на овошје и зеленчук, Dole најави дека до 2025 година целосно ќе го елиминира отпадот што се произведува додека да стигне храната до маркетите.

Dole, како што пренесуваат странските медиуми, бара начин од овошјето и зеленчукот што завршува како отпад да создадат нови производи, од грицки, козметички производи до амбалажа.

Па така, од кората од ананас Dole планира да прави грицки, пијалаци или козметички производи, бидејќи изобилува во хранливи вредности и витамин Ц. Листот од банана и кората од ананас може да се користат за правење биоразградливи амбалажи коишто можат да ги заменат пластичните. Голем дел од остатоците од овошјето и зеленчукот, што не може да се искористи на друг начин, може да биде суровина за создавање биогориво.

Според податоците, бананите се овошје што супермаркетите најчесто ги фрлаат. Американското министерство за земјоделие покажува дека во САД годишно се фрла храна во вредност од 161 милијарда долари.

Фото: Facebook