Здравје Радово со раст на откупот на сурово млеко за 30%

53

mlekara-zdravje- radovoВо првиот квартал од 2013 година, млекарата Здравје Радово оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година.

“Растот се должи на 10 годишната традиција на Здравје Радово, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактрофризери и јуници, и пред се во развој на своите брендови кои континуирано го подобруваат својот квалитет”, информираат од компанијата.

Mлекарата Здравје Радово е најголемиот извозник на млеко и млечни производи во регионот. Компанијата соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗИК Струмица и др.