Здравствен туризам во Турција: Отворени врати за 31 земја

94

Турција е подготвена да прима пациенти од 31 земја, почнувајќи од 20-ти мај, соопштуваат тамошните здравствени власти.

Турското министерство за здравство, како што пренесува Хуријет, ги наведува условите за прифаќање на пациенти, влез во земјата, правила за прием во болница, правила за лекарите, отпуштање на пациентите и мерки за изолација. Исто така, во мерките се вклучуваат и акти и за пациентите и за оние кои се во нивна придружба.

Земјите за коишто Турција ги отвора вратите се: Ирак, Либија, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Узбекистан, Казахстан, Грција, Украина, Русија, Џибути, Алжир, Косово, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија, Бугарија, Молдавија, Сомалија, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман, Германија, Велика Британија, Холандија, Пакистан, Киргистан, Северен Кипар.

По влезот во Турција, пациентите и нивните придружници директно ќе бидат преземени од болниците каде што се пријавени и тие нема да можат да се сместуваат на друго место.

Фото: Pixabay