Здружението на приватни лекари побара наместо матичен лекар, граѓаните да избираат ординација

28

Здружението на приватни лекари на Македонија бара измена на Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување во делот на ликвидирање на профитабилни фирми, поради попреченост на лекарите да ја извршуваат својата должност.
Како што вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на приватните лекари во Македонија кое брои повеќе од 1.600 приватни здравствени установи, чести се случаите кога лекарот ќе почине, а е сопственик на профитабилна ординација и неговиот персонал останува без работа.
“Измените на законите се во интерес и на пациентите и на персоналот кој работи во приватна институција. Никаде во светот не постои да се ликвидира фирма која успешно работи, која ги плаќа давачките кон државата и е финансиски способна. Ликвидирање на рентабилни фирми не оди во прилог на никого. Ова е наша реакција за случувањата од последните денови кога имавме неколку случаи на смрт на доктори концесионери, па поради тоа нивните фирми се ликвидираат. Во барањето ние потенцираме дека е потребна измена на документите, поточно тие да се водат на здравствена установа, а не на доктор носител”, рече д-р Чолакова Дервишова.