Зелена енергија – eлектронска берза за трговија со биомаса во Србија

50

biomasa

Фото: Pixabay

Во Србија е отворена електронска берза за биомаса. Онлајн порталот Зелена енергија функционира во рамки на Стопанската комора на Србија и е достапен на српски и англиски јазик, јавува РТС.

“На нас производителите ова значително ќе ни ја олесни меѓусебната комуникација. Потполно ќе се отвори пазарот, а се надевам дека ќе влијае и на конкурентноста на цените, односно на цените на пазарот на суровини, готови производи кога во прашање е биомаса и пелетите“, вели Младен Стојадиновиќ, директор на фирма за пелети.

За 2.000 активни компании во Србија со скоро 27.000 вработени и промет од околу 220 милиони евра во текот на минатата година, онлајн базата и побарувачката ќе овозможат брзо пронаоѓање на соодветни партнери и доверливи информации за производите, производителите и купувачите.

“Овој производ, пред сè, е корисна алатка за развој на пазарот на биомаса, којшто кај нас практично не постои или во најголем дел се одвива во сивата зона. Значајно е да се спомене дека биомасата претставува 65% од вкупниот потенцијал за развој на зелена енергија од обновливи извори“, изјави Мирослав Милетиќ, потпретседател на Стопанската комора на Србија.

Порталот Зелена енергија е дел од проектот што се финансира од Глобалниот фонд за животна средина на Обединетите нации.