Земја од поранешна Југославија има просечна нето плата од 1.208 евра

67

Посечната нето плата во Словенија во 2020 година изнесуваше 1.208,65 евра, што е пораст за 6,6% номинално и 6,7% реално во однос на 2019 година.

Словенечката месечна бруто плата лани изнесуваше 1.856 евра просечна, тоа е за 5,8% повеќе на номинално ниво во однос на 2019 година, а реално повисока за 5,9%, пренесуваат тамошните медиуми.

Минатогодишната просечна бруто плата во приватниот сектор беше повисока за 4,4%, а во јавниот сектор за 7,8% во споредба со една година претходно.

Анализирано по дејности, најголем раст на заработка лани имало во здравство и социјална заштита, за 17,7%, додека најголем пад е регистриран во угостителство и тоа за 3,8%.

Просечната декемвриска нето плата беше 1.315 евра, што е зголемување во однос на ноември 2020 година.

Фото: Pexels