Земја од регионот меѓу топ светски дестинации според британски The Times

40

Хрватска се најде меѓу топ три најдобри светски дестинации во категоријата Best Country Award 2020, што британските весници The Times и The Sunday Times ја доделуваат на најдобрите земји во светот. Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, доделувањето на наградите беше одржано по виртуелен пат, пренесуваат хрватските медиуми.

“Хрватска со својата фантастична туристичка понуда и неуморна промоција неспорно го заслужува епитетот една од најдобрите земји и исклучително ни е задоволство што британската јавност го препозна нашиот квалитет“, вели Дарија Реиќ, директорка на претставништвото на Хрватската туристичка заедница во Велика Британија.

Во оваа категорија, најдобра земја во светот е Италија, второто место му припадна на Нов Зеланд, додека Хрватска е трета.

Во потесниот избор за наградата, што се доделува по осми пат, се најдоа и дестинации, како што се: Франција, Турција, САД, Дубаи, Шпанија, Португалија, Грција и Тајланд.

Се гласаше уште во 12 други категории, како што се најдобар град, авиокомпанија и туроператор.

Фото: Pixabay