Земја од регионот воведува акциза на сладолед

45

Акцизите за тутунски производи, алкохолни пијалаци значително ќе се зголемат во Црна Гора од први јули, а ќе се воведе и акциза за сладолед.

Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, што го утврди владата во четвртокот “со цел да се сузбијат негативните ефекти што ги има употребата на тутунски производи, алкохолни пијалаци и производи со додаден шеќер врз здравјето на граѓани “, соопшти владата.

Со предложениот закон се планира да се зголеми акцизата за газирани пијалаци од 25 на 35 евра за хектолитар и да се воведе акциза за производи од шеќер, какао и сладолед, што би се плаќало во износ од 0,6 евра за килограм.

Зголемувањето на акцизите ќе ги зголеми приходите на буџетот за околу 16,8 милиони евра, пренесува РТЦГ.

Фото: Pixabay