Земја од соседството не дозволува недела да биде неработен ден

50
Aerial view a woman using a retro typewriter and the word sunday leisure concept

Иако на почетокот на годината се чинело дека неработната недела би можела да заживее во Србија, сега тоа нема да се случи. Српскиот претседател, Александар Вучиќ рекол дека нема да го прифати барањето во Србија недела да се прогласи за неработен ден, пишува српски Блиц.

“Не може неработна недела. Не дозволувам. Кој сака да не работи во недела, нека оди во некоја друга земја“, рекол Вучиќ. Според него, земјата тоа не може да си го дозволи и треба луѓето да се гордеат со тоа дека “треба да работат повеќе“.

На почетокот на минатата година, синдикални организации во Србија во повеќе наврати разговарале со ресорното Министерство за трговија за воведување неработна недела и во одредени моменти се чинело дека таквиот тренд би можел да заживее. Министерството дури и формирало работна група и во неколку наврати биле одржувани средби со синдикатите.

Првично најреална била опцијата продавниците да бидат затворени првата недела во месецот или првата и последната, но подоцна се случи пандемијата, а состојбата покажала дека неработната недела е лош пример во услови на криза

Црна Гора минатата година воведе неработна недела, а претходно Европската унија им дозволи на земјите членки работното време на продавниците да го уредат на основа на своите традиционални, културни и верски потреби. Според тоа, вратите на продавниците во недела се затворени во девет земји меѓу кои се Франција, Германија, Австрија и Полска.

Во Словенија, исто така, продавниците не работат во недела и во текот на празниците.

Фото: Freepik