Земја што е како создадена за бизнис и инвестиции

81

Соединетите Американски Држави е најпосакуваната дестинација за инвестирање и раст на бизнисите во светот. Тоа се податоци од истражување во коешто се вклучени извршни директори од 5.000 компании во период од 24 години од страна на консултантската компанија PricewaterhouseCoopers (PwC).

Зад САД се наоѓаат Кина и Германија, додека Велика Британија е четврта, оставајќи ја зад себе Индија, пренесува Ројтерс.

Вкупно 35% од извршните директори сметаат дека САД е водечки пазар за ширење на бизнисот, а од испитаниците 28% ја поддржуваат Кина.

Извршните директори сега се соочуваат со два главни предизвици: како да изградат доверба со акционерите чии очекувања се поголеми од кога и да е и како да го прилагодат сопствениот бизнис кон светот што многу брзо се менува.

Фото: Pixabay