Земјава 67-ма според индексот за социјален прогрес

39

Македонија е 67-ма од вкупно 149 земји во светот кога станува збор за индексот на социјален прогрес (Social progress index), составен од непрофитната организација Social Progress Imperative.

На врвот на оваа листа, според индексот, се најде Норвешка со 90,95 од можни 100 поени. Во први 10 земји што котираат највисоко се и: Данска, Швајцарија. Финска, Шведска, Исланд, Нов Зеланд, Германија, Канада и Јапонија.

Од земјите во регионот, највисоко котира Словенија (21-во место). Потоа следуваат: Грција (30), Хрватска (38), Бугарија (43), Србија (53) и Албанија (54).

Овој индекс го мери квалитетот на живот и благосостојба на граѓаните, преку три основни постулати: основни права (храна, медицинска заштита, вода, лична безбедност), благосостојба (пристап до основно образование, пристап до комуникации и информации, здравје, квалитет на животната средина) и можности (лични права, лична слобода и право на избор, инклузија, пристап до повисоко образование).

Фото: Pixabay