Минатата година во светски рамки од продажба на краставици биле заработени 2,7 милијарди долари, покажува анализата на World Top Exports. Европските држави инкасирале најмногу, 1,6 милијарди долари од извоз или 58,8%. Северна Америка е втора со 31,7%, додека Азија е на трето место со 8,3% од меѓународната продажба на краставици.
Во светски рамки, Шпанија е прва со заработени 706,1 милиони долари, Холандија е зад неа со 565,3 милиони, трета земја е Мексико со 521,4 милиони долари од извоз, четврта е Канада со 265,2 милиони, а петти се САД со заработени 59,7 милиони долари.
Од земјите во регионот, Грција е 10-та со заработка од 32,5 милиони долари, Словенија е 21-ва со 10,1 милион долари од извоз, Албанија 22-ра со 10,1 Бугарија на 23-то место со 10 милиони долари. Северниот сосед Србија е 26-та со заработени 9,2 милиони долари, Хрватска е 35-та со пет милиони, додека БиХ е на 37 место со заработени 4,7 милиони долари од извоз на краставици.
Македонија е на 38-то место на листата со заработени 4,3 милиони долари од извоз на овој зеленчук минатата година.
Фото: Pexels