Земјава со ЕБОР до поголема конкурентност, одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија

62

Владата го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија и го овласти претседателот на Владата, Зоран Заев, да го потпише Меморандумот.

Овој Меморандум има за цел да обезбеди рамка за соработка помеѓу Владата и Банката со цел поддршка на процесот за членство на земјата во Европската Унија преку комбинација на инвестиции и техничка помош и ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и на зајакнување на инвестициската клима и управување.

Фото: Freepik