Земјава за 152% го зголеми извозот на млеко

44

Македонија во 2019 година извезе млеко на странски пазари во вредност од 6.027.000 долари или за 152,1% повеќе во однос на 2015-та година.

На глобално ниво, извозот на млеко во 2019 година достигна вредност од 28,6 милијарди долари, што е за 12% повеќе во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Лидер е Нов Зеланд со 21,8% удел во вкупниот извоз и инкасирани 6,3 милијарди долари. Меѓу првите пет најголеми извозници на млеко во 2019 година беа и: Германија (2,9 милијарди долари), Холандија (2,4 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари) и Белгија (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник беше Словенија со 132,8 милиони долари. Потоа следат: Босна и Херцеговина (36,2 милиони долари), Србија (29 милиони долари), Грција (21,5 милиони долари), Хрватска (15,8 милиони долари) и Бугарија (13,8 милиони долари).

Фото: Freepik