Земји членки на ЕУ незадоволни поради бавната дистрибуција на вакцини

37

Голем дел од земјите членки на Европската унија рекле дека добиле помала количина од вакцините против коронавирусот од она што очекувале и на интерни состаноци негодуваат поради неизвесноста од идните испораки, пренесува Ројтерс.

Вакцината на Pfizer и BioNTech почна со дистрибуција во ЕУ на крајот на декември. Американска Moderna почна да ја испорачува својата вакцина една недела откако доби одобрение од ЕУ, односно од шести јануари.

Но, околу една третина од 27-те земји членки на ЕУ рекле дека не добиле доволно дози од вакцината. Негодувале и поради неизвесните рокови на испораката на вакцини во иднина.

Pfizer и BioNTech иаат договор со ЕУ да испорачаат до 600 милиони дози вакцини оваа година. Договорија да бидат испорачани 75 милиони дози во вториот квартал, а повеќе во текот на годината.

Moderna  се обврза да испорача 10 милиони дози до крајот на март, а во вториот и третиот квартал од годината уште по 35 милиони дози.

Фото: Freepik