Земји кои (не)сакаат готовина

57

Постојат земји во светот што преземаат сериозни мерки да станат нации без готовина, но има и такви каде сè уште готовината има посебно место. Па така, World Atlas, направи листа на 10 земји во коишто готовинските трансакции се најпопуларни, а претставуваат удел на трансакциите на ПОС терминали во земјите од Европа.

Предводник на листата е Малта со 92% трансакции на ПОС терминали. Во првите пет влегуваат и: Кипар (88%), Грција (88%), Шпанија (87%) и Италија (86%).

Од друга страна, пак, скандинавските земји, Канада и Кина се лидери во светот кога станува збор за безготовинските трансакции.

Фото: Pexels