Шведска лидер во користење на кредитни картички

43

За многумина денес плаќањето со кредитни картички е подобра варијанта отколку користење на готовина, најмногу поради безбедноста.

Некои земји го преферираат овој начин многу повеќе од останатите, а Шведска е лидер кога станува збор за користење на кредитни картички.

Од плаќање во ресторани и бутици до повлекување на пари од сметки оваа европска земја ја предводи топ 10 листата каде се најдоа следниве земји:

Шведска

Речиси половина од жителите во Шведска веќе не користат готовина. Дури 900 банки од 1.600 во земјата не прифаќаат готовински депозити.

Канада

Најмалку 27 милиони Канаѓани постари од 20 години имаат три кредитни картички. Околу 74,5 милиони MasterCard и Visa картички се во сопственост на жителите од оваа земја.

Велика Британија

Повеќе од 80 милиони кредитни картички “циркулираат“ во Велика Британија. Во последните 50 години употребата на кредитни картички е составен дел од личните финансии во земјата.

САД

Дури 73% од домаќинствата во САД користат кредитна картичка секојдневно. Еден просечен Американец троши 4.236 долари на трансакции со кредитни картички годишно.

Франција 

MasterCard и Visa се прифатени во повеќето продавници и ресторани. Сепак, уличните продавачи и помалите дуќани бараат готовина.

Австралија

Во Австралија има околу 16 милиони кредитни картички што се во редовна употреба.

Јапонија

Јапонија годишно издава речиси 258 милиони кредитни картички, што значи за секој Јапонец по две во просек.

Кина 

До 2012 година, UnionPay беше единствена опција на кинескиот пазар за кредитни картички. Оттогаш е отворена за странски фирми како MasterCard, American Express и Visa.

Јужна Кореја

Користењето на кредитни картички во Јужна Кореја започна да станува масовно со кампањата за елиминирање на сите видови на корупција.

Фото: Pixabay