Земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи

123

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2023 година изнесува 43 384, од кои 43.2 % се домашни туристи, а 56.8 % се странски туристи.

Најмногу туристи има од Турција- 4. 354, Грција – 2. 755, Србија -2 750, Бугарија – 2.152, Косово – 1 514 и Албанија – 1. 463.

Бројот на ноќевањата во јануари 2023 година изнесува 88 635, од кои 50.0 % се од домашните туристи и 50.0 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, е зголемен за 10.3 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.8 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, е намален за 9.8 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 32.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, е намален за 10.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.0 %.