Земји што најмногу инвестираат во стартапи

57

Добрата идеја тешко може да се оствари доколку немате кој да инвестира во неа. Но,  во некои земји луѓето се подготвени да погледнат малку подалеку, да ја видат визијата на стартапите и истата да ја поткрепат финансиски.

Кога станува збор за земји кои се “најрасположени“ да инвестираат во стартапи, САД го држат приматот поради повеќе причини, како на пример капацитетот на државата за истражување и развој.

Startup Ecosystem Ranking рангираше 62 земји според пет категории: инвестирање во човечки капитал, истражување и развој, претприемничка инфраструктура, техничка работна сила и динамика на работењето.

Топ пет земјите што најмногу инвестираат во добра идеја се непроменети од 2017 година, а единствено е сменет меѓусебниот редослед.

САД, Канада, Израел, Индија, Германија, Полска, Малезија Шведска, Данска и Швајцарија, со средна оцена од 92 до 82, се најдоа во топ 10.

Од земјите во регионот, Грција е на 32 место со оцена 61, Хрватска е на 40-то место со оцена 53, Бугарија е 48-ма, Словенија 53-та и Србија 57-ма. Македонија ја нема на листата.

Фото:Pexels