Според последниот извештај на World Talent Report објавен на Business Insider, Швајцарија е земјата којашто “поседува“ најголем број на висококвалификувани професионалци.
Истражувањето е спроведено во 63 светски земји, каде што “нивото на таленти“ се проценува според перформансот на земјите во креирање, привлекување и задржување на професионалци.
Се разгледувале различни сфери: образование, обука на работното место, познавање на јазици, меѓународно искуство, квалитет на живеење и плати.
Земјите се рангирани откако е направена детална анализа на сите фактори и услови, односно според целокупниот резултат изразен во бодови, од 1 до 100.
Бодувањето се базира на три главни индикатори: инвестиции и развој, привлечност на земјата и подготвеност, а еве кои земји се најдоа во топ 10: