Земји што најмногу произведуваат палмино масло

97

Производството на палмино масло бележи голем раст во последните пет децении. Не се расипува лесно, има висока точка на топење и е со пониска цена од другите растителни масла. Има широка примена од кармини, шампони, леб, чоколади и биодизел. Годишното производство е двојно зголемено во период од 1995-та до 2015-та година, а се очекува четирикратно зголемување до 2050-та година, анализира Statista.

Скоро 85% од производството на палмино масло отпаѓа само на две земји – Индонезија и Малезија. Според податоците на американското Министерство за земјоделие, Индонезија произвела 42,5 милиони тони или 58% од глобалното производство, додека Малезија учествува со 19 милиони тони или 26%.

Меѓу земјите што се одвојуваат како производители на палмино масло се и: Тајланд (2,8 милиони тони), Колумбија (1,5 милиони тони) и Нигерија (над еден милион тони).

Фото: Freepik