Земји што наjмногу создаваат електронски отпад

13

Во текот на минатата година се создадени 53,6 милиони тони електричен отпад во светот, што претставува зголемување за 21% за пет години, покажува анализата на Statista.

Најголем производител на електронски отпад е Кина со 10,1 милион тони, но по глава жител тоа е само 7,2 килограми, што е далеку под просекот во светски рамки. За споредба, многу европски земји произведуваат над 20 килограми електронски отпад по глава жител. На пример, Норвешка е лидер со 26 килограм електронски отпад по глава жител, како причина за високата бројка се наведуваат батериите за електричните автомобили, што се вбројуваат како отпад. На второ место е Велика Британија со скоро 24 килограми електронски отпад по глава жител, додека зад нејзе се Австралија со 21 и САД со 22 килограми.

Една од причините поради којашто се зголемува создадената количина на електронски отпад е фактот што уредите стануваат поевтини, но и помалку трајни. Според одредени студии, поголемата количина на електронски отпад може да значи и повисок животен стандард, па повеќе луѓе можат да си дозволат најразлични уреди за секојдневна употреба.

Експертите сметаат дека како што расте количината на електронски отпад, така треба да се зголемуваат и капацитетите за рециклирање и безбедно одлагање на сите електронски уреди, што веќе се надвор од употреба.

Фото: Pexels