Земји што се најголеми извозници и увозници на чај во светот

109

И извозот и увозот на чај во глобални рамки минатата година надминаа седум милијарди долари.

Најголем извозник на чај во светот е Кина, чиј извоз лани надмина 1,7 милијарди долари. Втора земја што најмногу извезува чај е Кенија (1,3 милијарди долари), додека зад нејзе се најде Шри Ланка (940 милиони долари).

Меѓу најголемите 10 извозници на чај се и: Индија (763 милиони долари), Обединети Арапски Емирати (295 милиони долари), Германија (250 милиони долари), Виетнам (220 милиони долари), Полска (200 милиони долари), Јапонија (140 милиони долари) и Велика Британија (140 милиони долари).

Во регионот, најголем извозник на чај е Грција, чиј извоз лани достигна 1,5 милиони долари. Србија е 84-та во светски рамки со извоз од 640 милиони долари, Словенија е три места подолу со 540 милиони долари, додека едно место зад нејзе е Хрватска со извезен чај во висина од 517 милиони долари. Земјава е 115-та од вкупно 161 земја со извоз од 46.000 долари.

Најскромен извоз на чај имаат: Доминиканска Република, Кајмански Острови и Белизе.

Од друга страна пак, топ 10 увозници на чај во светот се: Пакистан (571 милион долари), Русија (497 милиони долари), САД (487 милиони долари), Велика Британија (396 милиони долари), Обединети Арапски Емирати (323 милиони долари), Египет (318 милиони долари), Иран (292 милиони долари), Авганистан (исто така 292 милиони долари), Саудиска Арабија (252 милиони долари) и Германија (229 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е 78-ма по увоз на чај, чија вредност лани достигна 8,7 милиони долари. Бугарија е на 87-ма позиција со увоз во висина од седум милиони долари, Словенија е 119-та со 1,9 милиони долари увезен чај, Хрватска е едно место подолу со увоз во висина од 1,8 милиони долари. Македонија е 121-ва од 200 земји со увоз вреден 1,8 милиони долари.

Фото: Pixabay