Земји што се под закана од over tourism

68

Over tourism претставува релативно нов поим што укажува на опасноста по животната средина на локации што се посетени од огромен број туристи.

Disneyfication map, состави листа од 10 земји коишто имаат најголем проблем со зголемен обем на посети од туристи.

Лидер на оваа листа е Исланд со 6,52 туристи по жител, следна е Хрватска со 3,78 туристи по жител, додека зад нив се најдоа Бахамите со 3,64 туристи по жител.

Од земјите во регионот се најдоа и Црна Гора со 3,02 туристи по жител и Грција со 2,53 туристи по жител.

Истиот извор направи и листа и на градови што мака мачат со over tourism. Во топ три се најдоа: Чинкве Тере во Италија со 4.800 туристи по жител, Халштат од Австрија со 1.283 туристи по жител и Дубровник во Хрватска со 1.000 туристи по жител.

Од земјите во регионот се најде и Санторини во Грција со 128 туристи по глава жител.

Најчести лоши ефекти од over tourism се огромните гужви што му пречат не само на локалното население, туку и на самите туристи, сообраќаен метеж, зголемена нехигиена…

Фото: Pixabay