Земји што создаваат, привлекуваат и задржуваат таленти

83

Швајцарија го има приматот на најдобра земја во светот за привлекување и задржување на талентирани млади лица, пренесува CNBC.

Четврта година по ред Швајцарија е лидер, оставајќи ги зад себе: Данска, Луксембург, Исланд и Шведска, покажува извештајот на IMD World Competitiveness Center.

“Десетка“ ја комплетираат: Австрија, Норвешка, Канада, Сингапур и Холандија.

Од вкупно 63 земји, колку што се најдоа на листата, од регионот ги има: Словенија (30), Грција (37), Хрватска (53) и Бугарија (55). На дното на листата се најдоа: Монголија, Индија, Словачка, Венецуела и Бразил.

Извештајот ја оценува способноста на земјата да создаде, привлече и задржи талентирани личност за да создаде база на таленти кои се потребни за зголемување на конкурентноста и економски раст. Меѓу клучните фактори што се земаат предвид се инвестициите и развојот, односно подигнување на квалитетот на образовниот систем преку инвестиции со цел да се зголеми бројот на талентирани лица, како и способност на земјата да ги задржи талентите и да привлече такви луѓе од странство и фактор што ги мери вештините и компетенциите достапни меѓу талентите во одредени земји.

Фото: Freepik